Синот на познатата комичарка бил итно хоспитализиран: Ова беше најлошата недела во мојот живот
Таа се огласи на својот профил на Инстаграм и објасни што се случило...
Ејми Шумер, познатата американска комичарка и актерка, откри дека оваа недела за неа била најлоша во животот, бидејќи нејзиниот син бил итно хоспитализиран.
Како што е откриено, тој имал респираторен синцицијален вирус. Инаку, Ејми, денови наназад се подготвуваше за гостувањето во „Saturday Night Live“.
„Ова беше најтешката недела во мојот живот. Ја пропуштив мојата проба во четвртокот кога мојот син итно беше однесен во болница. Ги поздравувам сите родители кои сега поминуваат низ ова. Успеав цел ден да бидам со него во болница, а прекрасните луѓе од „Saturday Night Live“ ми дадоа неверојатна поддршка“ - напиша таа и продолжи:
„Мојот син сега е дома и е подобро. Причината зошто ова шоу е толку интересно не се крие во изведбата или самото шоу. Причината се луѓето кои работат таму. Актери, сценаристи, но и оние зад завесите кои помагаат сето тоа да тече. Тим“ - напиша таа.
За потсетување, Ејми во 2019 година го роди синот по име Џин. Таа моментално е на турнеја, а имала дури 65 закажани настапи. Комичарката неодамна изјави дека ѝ е болно тоа што долго е разделена од синот.
„Само сакам да бидам со него колку што можам. Тоа е болна тема“ - кажа таа во една прилика.
фото: Принтскрин / Инстаграм