Синот на познатиот актер почина на 25 години: Болеста му го уништила слухот, ослабнал 60 килограми, починал во тешки маки
Кормак Рот, музичарот и син на актерот Тим Рот, починал на 16 октомври од рак, соопшти во понеделникот неговото семејство. Имал само 25 години, пренесува „Hello“.
„Имаше дива и електрична енергија, а неговиот дух беше исполнет со светлина и добрина“ - соопшти неговото семејство.
„Колку и да беше див, Кормак беше олицетворение на добрината. Нежна душа која донесе толку многу среќа и надеж за сите околу себе. Тагата доаѓа во бранови, како и солзите и смеата, кога ќе се сетиме на тоа убаво момче низ 25-те години и десет месеци, колку што го познававме. Нескротливо, радосно, диво и прекрасно дете. Ќе го носиме со нас каде и да одиме“ - додадоа тие.
Во ноември 2021 година на Инстаграм објави дека му е дијагностициран рак на герминативните клетки.
„Болеста ми одзеде половина слух, 60 килограми и самодовербата, но ќе го продолжам мојот убиствен пат додека не го запрам и не го убијам“ - напиша Кормак, а потоа додаде:
„Ракот не ми ја одзеде волјата за преживување, ниту љубовта кон создавањето музика. Уште не ме соборил. Ако вие или некој што го сакате боледува од рак, слободно контактирајте ме, бидејќи тоа е емотивен тобоган поинаков од сите други. Ве сакам сите, погрижете се да ги правите работите што ги сакате. Животот е краток. Тоа е хаос. Бидете добро и одете на лекар.“
фото: Принтскрин / Инстаграм