Синот на Шумахер ја објави најтажната божиќна фотографија: Светот гледа и плаче (ФОТО)
Синот на Шумахер сподели семејна фотографија, но на многумина им побегна тоа дека неговиот познат татко не е на истата и дека зборовите на докторите станаа вистина.
Последните денови, Инстаграм е преплавен со божиќни фотографии кои познатите со задоволство ги споделуваат и преку кои откриваат со кој го прославиле празникот. Меѓутоа, помеѓу илјадниците објави, една посебно се издвои и дури ја прогласија за „најтажна фотографија од Божиќ“.
Во прашање е фотографијата која на својот профил ја сподели Мик Шумахер, синот на легендата на Формула 1, Михаел Шумахер. На фотографијата насмеан позира со неговата мајка Корина и сестра Џина Марија. Сепка, познатиот шампион не е со нив.
„Недостасува Михаел“, „Зошто не е тука и Михаел“, „Ова е многу тажно“ - се дел од коментарите кои се најдоа под фотографијата, а имаше и такви кои мислат дека легендата на Формула 1 е оној кој ги фотографирал, иако е факт дека тоа не е возможно.
фото: Принтскрин / Инстаграм