Синот на Сузана и Саша Поповиќ сериозно се збогати од свадбата: Од цифрата може да ви се заврти во глава!

Синот на Сузана и Саша Поповиќ сериозно се збогати од свадбата: Од цифрата може да ви се заврти во глава!

Објавена во: Живот // Живот

фото: Instagram printscreen

Синот на Сузана Јовановиќ и Саша Поповиќ, Данијел, пред неколку дена ѝ се заколна на убавата Тијана на вечна љубов во ресторан во Белград, пред 200 најблиски. Во таа прилика, младоженецот, наводно, однел дома повеќе од 100.000 евра, бидејќи гостите, меѓу кои имало и многу познати личности, на парот најмногу им давале пликови за подарок.

- Бев на свадба и одлично се забавував! За подарок однесов плик во кој ставив 500 евра. Срамота би било да ставам помалку за некој кој е долго време на естрадата, и заработува многу пари. Разговарав со колегите, сите се одлучиле за пари. Подароци не  видов... Сигурен сум дека најголемите ѕвезди однеле и повеќе од 2.000 евра. Со оглед на тоа дека имало 200 гости, заработиле повеќе од 100.000 евра – тврди извор за „Информер“.

Позитивно ќе ве изненади: Колку чини костимот кој ќерката на Поповиќ го носеше на свадбата на брат ѝ (ФОТО)

 Од мама и тато – стан!

-Им се јавив да видам дали се задоволни од свадбата. Рекоа дека се уморни, но пресреќни и дека броеле пари до раните утрински часови... Знам дека од Сузана и Саша на подарок добиле стан од 150 квадрати во новата луксузна населба што Поповиќ ја гради со деловни партнери на Бежанијска коса. Сега имаат пари да го уредат од под до плафон - додаде тој.

Да потсетиме, Тијана и Данијел се венчаа минатиот четврток во ресторан во Белград. Црковната венчавка е одложена за летово. На свадбата им свиреше „Мајами бенд“, но многу познати гости со задоволство се фатија за микрофонот. Убавата Брена на пример ја отпеа „Hajde da se volimo“ и на тој начин особено ја загреа атмосферата. По неа пееја Ана Бекута и Снежана Ѓуришиќ.

Саша Поповиќ го ожени синот од првиот брак на Сузана: Таа на свадбата дојде во портокалов костим и чанта од 10.000 евра (ФОТО)


извор:24sedam
Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: