Сите ја пеат на свадба, јас ја замислувам вака: Ања Ветерова ѝ посвети песна на мајка си
Младата пејачка Ања Ветерова често на своите профили на социјалните мрежи споделува фотографии од нејзините најблиски, а со описот на секоја фотографија прави вистинска магија, особено со оние кои ги споделува на нејзината мајка.
Имено, вчера на мајката на Ања и беше роденден, а нејзината ќерка по тој повод сподели видео на кое ја пее една од најпознатите балади на Владо Јаневски, „Од овој ден“.
„Сите ја пеат на свадба, јас ја замислувам вака.“ - напиша покрај видеото младата пејачка.
Но, тука не заврши приказната, зошто Ања исто така сподели и фотографија со нејзината мајка, покрај која напиша емотивна порака, во која на емотивен начин ѝ се заблагодари за сѐ што таа направила за неа.