Сите мислат дека неговиот живот е совршен: Познат ТикТокер призна дека се бори со ментално пореметување
Изгледа дека тој е еден од оние кои добро разбираат што значи да се испрати вистинската порака до милиони обожавали ширум светот кои го следат...
Ноа Бек, 20-годишната ТикТок ѕвезда е пример на многу млади луѓе кои го следат на популарната социјална мрежа. Во интервјуто кое го даде за еден познат магазин, тој призна дека во неговиот живот не е секогаш сè совршено и дека долго се бори со пореметувањето под назив телесна дисморфија.
„Сите мислат дека мојот живот е совршен, но и јас поминувам низ проблеми. Телесната дисморфија е вистинско пореметување. Имаше моменти кога ќе се погледнев во огледало и ќе си кажев: Така ти треба кога не играш фудбал и не трчиш секој ден“ - зборува Ноа.
Телесната дисморфија е пореметување на менталното здравје во кое не можете да престанете да размислувате за еден или повеќе воочливи недостатоци во изгледот и за работи кои за другите луѓе можеби не се видливи. Сепак, поради тоа ќе се чувствувате засрамено и ќе ги избегнувате јавните собири.
„Никогаш не сум бил депресивен. Никогаш не сум бил анксиозен. Кога бев тажен додека растев, играв фудбал или разговарав со пријателите и заборавав на тоа. Социјалните мрежи ми донесоа некои од таквите проблеми, но со нив се борам секојдневно“ - заклучи Ноа.