Сите се збунети: Фејсбук најави дека следната недела ќе го менува името
Пристигнува една голема промена...
Ова не се случило од основањето на познатата социјална мрежа. Сега е најавено дека следната недела Фејсбук повеќе нема да се вика така. Марк Цукерберг има малку поинакви планови од почетните.
Тој го основаше Фејсбук уште во 2004 година, а идејата која ја имал тогаш во меѓувреме малку се промени. Не очекувал дека неговата идеја за социјалната мрежа ќе стане волку популарна. Сега Фејсбук стана повеќе од обична социјална мрежа на која луѓето се запознаваат и комуницираат меѓусебно, па Цукерберг донесе одлука дека е време да го промени името.
Сака да го ребрендира Фејсбук и да го префрли фокусот на создавање на нов концепт на иднината, каде ќе се спојуваат различните виртуелни простори во еден голем виртуелен универзум. За сега сè уште не се знае како ќе гласи новото име, а тоа ќе го дознаеме следната недела. За првпат на јавноста ќе ѝ го претстави на годишната „Connect конференција“ на 28 октомври. Иако ќе го промени името, на самата апликација сега не би требало да има некои други промени.
фото: PK Studio / Shutterstock