Сите зборуваат за еден детаљ на фотографијата: Шарлин и Алберт од Монако позираа за божиќна честитка со семејството (ФОТО)
Принцот Алберт и принцезата Шарлин ја продолжија божиќната традиција, која ја почитуваа и неговите родители...
Принцот Алберт од Монако и принцезата Шарлин последните месеци привлекуваат внимание на најразлични начини, без оглед на тоа дали го посакуваат вниманието или не. Најпрво се водела голема полемика околу здравствената состојба на принцезата, а потоа за неверствата на принцот Алберт, како и за нивниот развод.
Официјални информации од монегаскиот двор немаше, освен краткото објаснување дека најтажната принцеза во Европа не се чувствува добро.
По враќањето од родната Африка, принцезата привлекуваше внимание на секое појавување во јавноста и сите ги гледаа нејзините гримаси, движења, како и нејзината врска со самиот Алберт.
Овој пат, кнежевското семејство ја испочитува традицијата и објави божиќна честитка на која позираа заедно со близнаците и со тоа ги најавија празничните денови кои доаѓаат.
Божиќната фотографија е направена во палатата Сал дес Гардес, пред каминот, токму на местото каде што принцот Алберт бил фотографиран со своите родители и сестри како дете. Тој детаљ воодушеви многумина и ги потсети на минатото.
Како и на претходните неколку семејни собири, младата принцеза Габриела го украде целото внимание со позирањето, а во една прилика ја покажа својата непослушна страна кога ги пресече шишките на својот брат и на себе, што принцезата Шарлин го објави на Инстаграм и насмеа многу следбеници.
фото: Принтскрин / Инстаграм