Сите зборуваат за нејзинот избор на облека: Критичарите не ја штедат ниту од навредливи коментари
Нејзините
фотографии од трибините ги објави официјалниот сајт на Вимблдон, а потоа
започна жестока дискусија
И популарната колумбиска поп пејачка Шакира, присуствуваше Вимболдон овој викенд. Имено, она што најмногу привлече внимание беше провокативниот стајлинг на пејачката, за кој многумина тврдат дека не е соодветен за вакви настани.
Шакира на себе имаше облечено тексас топ, откопчана кошула и долго здолниште, а сè комплетираше со патики и мала бела чанта.
Фотографиите од трибините ги објави официјалниот сајт на Вимблдон, а потоа започна жестока дискусија.
Додека некои сметаат дека овој стајлинг е несоодветен за ваков важен спортски настан, на други сепак им се допаѓа и не гледаат ништо лошо во него.
- „Сосема несоодветен стајлинг за ваков настан“, „Можеше еднаш да се облече како нормална личност“, „Личност без стил“, „зНекој друг би бил исфрлен од трибините за вакво облекување“, „Убава и талентирана, но погрешно облечена за Вимблдон“,беа само дел од коментари на споменатата страница.
Да потсетиме, минатата година Шакира по 12 години љубов раскина со фудбалерот Жерар Пике, а неодамна проговори за врската со него и откри дека тој ја изневерил - што било пресудно за нивното раскинување.
Фото: youtube/screenshot