Скокнете на снежен одмор во Крушево: ПАНОРАМА ХОТЕЛ И СПА

Скокнете на снежен одмор во Крушево: ПАНОРАМА ХОТЕЛ И СПА

Објавена во: Совети // Семејство

Крушево е совршена алтернатива за викенд далеку од обврските, сообраќајните гужви и загадениот воздух. А, идеален избор за супер поминато и исполнето време ќе најдете токму во Панорама Хотел и Спа.

Комплетно реновираниот хотел е сместен веднаш над градот и нуди восхитувачка глетка на познатата крушевска архитектура, Македониумот и преубавиот планински пејзаж. Хотелот со четири ѕвездички располага со двокреветни и супериор соби, јуниор и делукс апартмани, како и спа центар со затворен базен и теретана.

Хотелот има и ВИП соба за деловни ручеци и состаноци.

За корпоративни настани хотелот располага и со конференциска сала.

Во рамки на Панорама работи ресторанот АЛТО со мени кое комбинира локални, традиционални јадења и интернационална кујна.

Панорама оперира и со жичарницата која од срцето на Крушево ве води на скијачките патеки. Таму, освен скијање, ве очекуваат уште и други рекреативни содржини во склоп на Panorama All Seasons Adventure Park.

Алтернативно, до истите може да стигнете и со квадрицикли, планински велосипеди или џип кои се достапни за изнајмување во хотелот.

Ова е идеална опција за целосно ресетирање на сетилата. Топло ви ја препорачуваме. Информирајте се повеќе и резервирајте тука.

*пр објава

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: