Слатко-кисел сос како од McDonald's: ТикТокер направи скоро идентичен како нивниот (ВИДЕО)
Може да си го направите сосот слатко-кисело дома...
Сигурни сме дека сосот слатко-кисело е сос кој на многумина им е фаворит во McDonald's. Сега еден ТикТокер покажа и рецепт како може да се направи домашен, кој е ист како оној од познатиот ланец.
Игор Јадан е хрватски ТикТокер кој на својот профил често споделува рецепти за кои веруваме дека се вкусни. Но, сега сподели и рецепт за сосот слатко-кисело, кој, како што вели, е многу сличен на оној кој сигурни сме дека сте го пробале во McDonald's. Како што споменува во видеото, состојките кои ти се потребни за овој сос се: џем од кајсии, сируп од ориз, оцет, соја сос, сенф, лук во прав, сол и пченкарен скроб.
@iggibigs KOJA VAM JE NAJCESCA NARUDZBA U MCDONALDSU? Meni je ledena kava #cooking #kuhanje #foryou #fyp #trending #food #hrana #mcdonalds #sweetandsour #slatkokiseliumak #megic #trend Geto Djevojka - Prod. by Rasta - Connect
Сите состојки треба да ги измешаш, а потоа да ги префрлиш во сад во кој ќе додадеш малку вода и го вариш некое време со задолжително мешање. На крајот својот сос го споредил со оној вистинскиот и истакна дека не се идентично, но дека се навистина многу слични. Ние веруваме дека тоа навистина е така, затоа пробај го рецептот за овој сос направен во домашни услови.
фото: Принтскрин / ТикТок