Славеничката елегантна, тортата раскошна: Ќерката на Харис Џиновиќ сепак имаше гламурозна прослава за 18-от роденден (ВИДЕО)
По интимната прослава со момчето, ќерката на Харис Џиновиќ го одбележа роденденот во голем стил...
Џина Џиновиќ, ќерката на фолк пејачот Харис Џиновиќ и дизајнерката Мелина Џиновиќ, пред неколку дена наполни 18 години.
Средношколката е едно од двете деца на овој познат пар, кој го има и синот Кан, а многу е многу популарна на социјалните мрежи, па така на Инстаграм има скоро 50.000 следбеници.
Очекувано, нејзиниот роденден привлече големо внимание помеѓу следбениците, кои со денови ѝ испраќаа честитки, а откако го прослави со своето момче и познат фудбалер Андреј Ѓуриќ, дојде моментот и за гламурозна забава.
Судејќи по фотографиите и видеата на социјалните мрежи, Џина била многу елегантна на својата роденденска забава. Носела црн мини фустан, кој го красат огромни и ефективни карнери во предниот дел, а го искомбинира со бели сандали со полна пета и долги црни ракавици.
Гордата славеничка за време на забавата позирала пред тортата од пет спрата, кој ја краселе бели и розови пеперутки, а додека ги дувала роденденските свеќички покрај неа биле нејзините родители и момчето.
Во продолжение погледнете неколку видеа од роденденската забава на Џина:фото: Притнскрин / Инстаграм