Случајност или провокација? Поп-sвездата Кети Пери ги збуни обожавателите со својот нов изглед
Неверојатна
трансформација!
Поп-sвездата Кети Пери неодамна имаше „виртуелен“ перформанс за промовирање на нејзината песна „Not the End of the World“, од новиот студиски албум. Сепак, поради нејзиниот изглед, кој на некои обожаватели ги потсети на Адел, нејзината песна падна во втор план.
Поради сличноста со поп-sвездата Адел, пејачката во еден момент целосно ги збуни обожавателите кои се прашуваа дали ја гледаат Адел или Кети Пери?
Од 2017 година, Кети Пери носи кратка коса, а сега стави перика која неверојатно личи на косата што ја има британската пејачка. Исто така, обожавателите наведуваат дека таа била многу слично нашминкана.
- Дали е ова Адел? Неверојатно е колку си личите. Мислев дека ова е Адел - е еден од коментарите под објавите на Кејт во Инстаграм.
Фото: Instagram