Сметам дека погреши: Ѓорѓе Давид се огласи по одлуката на Иван Рајиќ да ги напушти „Ѕвездите на Гранд“

Сметам дека погреши: Ѓорѓе Давид се огласи по одлуката на Иван Рајиќ да ги напушти „Ѕвездите на Гранд“

Објавена во: Живот // Живот

Откако Иван Рајиќ пред неколку дена изненади со одлукат ада се откаже од учеството во музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, се огласи Ѓорѓе Давид.

„Секој има право во рамките на ова натпреварување да се однесува во границите на пристојноста. Нема право никој психички или физички да го загрозува, неговиот став беше таков, мислам дека тој има сериозна иднина, но сметам дека погреши“ - истакна рокерот за „Блиц“.

„Како некој е во рокот толку години колку што сум, а сега влегов и во овој прекрасен циркус кој се вика „Ѕвездите на Гранд“, мислам дека погреши, бидејќи она што „Ѕвездите на Гранд“ го обезбедуваат кога се во прашање медиумите на Балканот и кога е во прашање дијаспората на сите народи на онаа поранешна земја, не може да ти го понуди ниту една дискографска куќа, освен „Гранд“, ниту една телевизија.“ - додаде Ѓорѓе Давид.

„Драги пријатели, тука сакам да ве известам дека мојот вчерашен настап воедно беше и мојот последен настап во „Ѕвездите на Гранд“. Ви благодарам на сите за поддршката која ми ја дававте од моето прво појавување на оваа сцена. Сакам да се заблогодарам и на продукцијата „Гранд“ на укажаната можност која по мое мислење ја искористив на најдобриот можен начин. За жал, во овој момент не сум подготвен да направам огромен чекор како што е договорот од 9 години, а со ова одбивање бев известен дека сум дисквалификуван и дека мојот пат се завршува тука. Не знам колку можевте да забележите дека во натпреварувањето имав стил на пеење и однесување, токму онака како што ја чувствувам мзуиката и би сакал да останам верен на она што сум всушност јас. Почувствував дека со потпишувањето на договорот го губам она што ви го претставува Иван Рајиќ. Јас во иднина ќе се посветам на други проекти, а можеби некогаш повторно ќе се гледаме на најголема сцена на Балканот, никогаш не се знае што носи животот. Можеби некои ќе помислат дека ова е грешка, но не можам против себе... Им ја посакувам целата среќа на колегите кои поминаа понатаму и со внимание ќе ве следам до финалето. Ваш Иван Рајиќ“ - напиша на Инстаграм пред неколку дена младиот пејач.



Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: