Снаата на Викторија Бекам проговори за нивниот конфликт: Се обиде да ги објасни работите, но поради една работа никој не ѝ верува
Снаата на Викторија Бекам, Никола Пелц во новото интервју се обиде да прикаже дека тие се едно големо среќно семејство...
Напнатоста помеѓу членовите на семејството Пелц и Бекам не престанува, а секојдневно се појавуваат нови детали за кавгата помеѓу снаата и свекрвата.
Никола Пелц одлучи да открие нови информации за наводниот конфликт со нејзината свекрва, Викторија Бекам, кој, судејќи по сѐ, бил предизвикан пред венчавката на неа и Бруклин Бекам, но овој пат реши да ја спушти топката.
Во неодамнешното интервју за магазинот „Тајмс“ кажа дека воопшто немало конфликт, туку дека целата приказна е извадена од контекст.
„Тоа не беше кавга! Постојано го читам тој збор: кавга, кавга, кавга. Како да собрале по пат и сега го означуваат како кавга“ - започна Никола.
Наводниот конфликт настанал откако во јавноста се појави веста дека на венчавката со синот на Викторија, таа нема да ја носи венчаницата која за неа ја креирала свекрва.
Никола овој пат негираше дека дошло до било каква расправија или кавга, туку дека едноставно модното ателје немало време да го сошие фустанот.
„Кога читам работи како тоа дека никогаш не сум сакала да ја облечам венчаницата која ја изработила Викторија или нешто слично, тоа ме повредува. Се трудам тоа да не го дозволам, но тоа едноставно не е вистина. Малку е глупаво кога ќе сфатиш: „Луѓето така мислат“, но тоа едноставно не е вистина“ - истакна милијардерката, која на венчавката носеше венчаница од модната куќа Валентино.
Порано се шушкаше дека Пелц не сакала Викторија да учествува во венчавката на било кој начин и дека скоро не комуницирале, поради што помеѓу избил конфликтот.
Иако актерката се труди да покаже дека таа и Бруклин се во добри односи со Викторија и Дејвид, на основа на нивните социјални мрежи и фактот дека со месеци не се виделе во живот, се гледа дека нивниот однос е нарушен.
„Ниту едно семејство не е совршено“ - се правдаше снаата на Викторија и Дејвид Бекам.
Покрај тоа, за разлика од Никол, нејзиниот свекор и свекрва и не се трудат јавно да покажат дека имаат идиличен однос. Овен што милијардерката во ова итнервју уште еднаш се обиде да ги смири гласините, бранејќи ја Викторија.
„Сакав и навистина го сакав тоа, а потоа таа неколку месеци подоцна сфати дека нејзиното ателје не може да го направи, па потоа морав да изберам друг фустан. Таа не кажа дека не можам да го носам фустанот. Јасс не кажав дека не сакам да го носам. А, тука почна сѐ“.
Иако Никола со сите сили се труди да ја објасни целата ситуација многумина не ѝ поверуваа. Никој всушност не може да поверува во приказната дека Викторија и нејзиниот тим навистина немале време да сошијат венчаница, иако успеала на време да ги креира комбинациите за останатите членови на семејството, вклучувајќи ја и мајката на Викторија, Џеки Бастон, тогашната деовјка на Ромео Бекам, како и фустанот за Ева Лонгорија.
Останува да се види дали Викторија ќе го прокоментира новото интервју на нејзината снаа или како и досега нема да сака да дава изјави за јавноста за овој настан.
фото: Принтскрин / Инстаграм