Видео од почетоците на Александра Пријовиќ: Има 17 години и е целосно непрепознатлива
Како дете сонувала да
стане пејачка и трудот се исплатил
На Инстаграм и другите социјални мрежи се појави видео од Александра Пријовиќ, од периодот кога имала седумнаесет години. Тоа видео е всушност нејзината онлајн апликација за аудицијата на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“, на кој подоцна учествуваше и стекна популарност.
Девет години подоцна таа стана една од најуспешните пејачки на својата генерација, а она што најмногу се забележува во спотот е изгледот на Александра, кој во овој период значително се промени. Многумина коментираат дека пејачката во видеото не личи на себе.
- Професионално пеам околу три години, откако ги снимив моите две песни. Како дете сонував да станам пејачка и затоа се пријавив во „Ѕвездите на Гранд“. Имам малку трема, но кога ќе стапнам на сцената веројатно таа трема ќе исчезне - вели Александра во видео-репортажата и ја отпеа „Една желба“ од Ана Бекута.
Пејачката многу се промени од првиот настап, направи мали корекции за да изгледа поубаво, а денес важи за една од најубавите жени на јавната сцена.
Од времето кога ја започна кариерата го промени стилот, бојата на косата, стилот на шминкање и денес според мислењето на многумина изгледа беспрекорно.
Инаку, Александра Пријовиќ е мажена за Филип Живојиновиќ, син на Бобо Живојиновиќ, со кој има наследник, Александар.