Со 609 килограми беше најдебелиот тинејџер на светот: Морале да ја срушат куќата за да го извадат, а еве како изгледа денес на 29 години

Со 609 килограми беше најдебелиот тинејџер на светот: Морале да ја срушат куќата за да го извадат, а еве како изгледа денес на 29 години

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Најдебелиот тинејџер на светот, на само 17 години, тежел неверојатни 609 килограми, а од дома морале да го изнесат со виљушкар. Еве како изгледа денес.

Видеото во кое Калед Мохсен Ал Шери од Саудиска Арабија беше изнесен од куќата на вилушкар беше вирално во 2013 година. За да го изнесат од дома морале да го урнат делот од куќата од кој не излегол две и пол години!


Потоа со камион бил пренесен во болница, а потоа со авион бил префрлен во болницата во Ријад. Тогашниот министер за здравство, д-р Абдула ал Рабеа, тогаш изјавил дека тогашниот крал Абдула наредил тинејџерот да се спаси, за тоа да биде „хуманитарен потег“. Сите лекари биле ангажирани да му помогнат на тинејџерот - околу 30 лекари работеле да го научат Калед на здрава исхрана и да го навикнат да вежба. Во меѓувреме се движел во инвалидска количка и редовно одел на физикална терапија.


До денес, според пишувањата на медиумите, тој изгубил 546 килограми, а пред пет години за прв пат можел да оди без шетач и да живее нормален живот. Потоа во јануари 2018 година следеше операција за отстранување на вишокот кожа, а денес има 29 години и околу 63,5 килограми.


Фото насловна: Youtube - screenshoot

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: