Со бакнеж во уста покажаа колку се сакаат: Хајди Клум и ќерка ѝ наидоа на критики
Германскиот супермодел е голема поддршка на својата ќерка која реши да тргне по стапките на познатата мајка и да гради кариера во светот на модната индустрија. Интересно е тоа што секогаш кога ќе им се даде можност, мајката и ќерката Клум покажуваат колку се блиски.
Врската помеѓу мајките и нивните ќерки е силна како ниту една друга, а овие две познати дами честопати во јавноста покажуваат колку се поврзани. Германскиот супермодел Хајди Клум и нејзината 16-годишна ќерка изгледаат неверојатно идентично, што е препознаено и во светот на модата. Лени започна да снима се повеќе кампањи, а за престижниот Вог снимаа заедно. Зборувајќи за својата најстара ќерка, Клум не криеше колку е горда на неа и колку се блиски.
Сега таа сподели фотографија на својот Инстаграм профил објавена од Лени, на која мајката и ќерката се бакнуваат во уста. Таа исто така ја украси сликата со неколку срциња. Оваа промена на интимноста помеѓу родителите и децата е честа појава во некои западни земји, но не им одговара најдобро на сите и многумина ја сметаат за несоодветна.