Со гестот предизвика хаос на социјалните мрежи: Српски јутјубер од питач побарал 20 динари, а кога ги добил, следувала сцена поради која се расплакаа многу луѓе
„За време на нашите најмрачни моменти мораме да се фокусираме да видиме светлина“ - напиша српскиот јутјубер Данило Бадњар, попознат како Чода, под видеото во кое го сними својот хуман гест, со кој предизвика бројни реакции кај луѓето.
Имено, Чода објави видео на својот Инстаграм профил во кое му приоѓа на питач на улицата „Краљ Петар“ во центарот на Белград, а она што следувало најпрво го расплакало питачат, но и луѓето кои имале можност да го погледнат видеото.
„Едно прашање, дали имате нешто ситно да ми дадете за да јадам нешто, бидејќи не носам пари. 20 динари?“ - прашал Чода постариот маж.
Питачот се претставил како Драгиша, и без размислување, веднаш му дал 20 динари на јутјуберот, меѓутоа она што следувало го расплкало питачот.
„Ви благодарам, иако немате, сепак ми дадовте, ви благодарам, сѐ најдобро. Ова, навистина не ми требаат тие 20 динари, се шегувам, ќе ви го вратам ова и сакам да ви дадам 4.000 динари, бидејќи вие мене ми дадов, ви благодарам од срце“ - му кажа Чода на просјакот.
Не верувајќи што се случило, питачот почнал да му ја бакнува раката на јутјуберот и низ солзи му кажал: „Јас немам никаде ништо, живеам на улица, немам никаде никој“.
фото: Принтскрин / Инстаграм