Со капа и заштитна маска: Ријана скоро непрепознатлива

Со капа и заштитна маска: Ријана скоро непрепознатлива

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Пејачката која е „тешка“ 600 милиони долари прошета по улиците на Лос Анџелес со капа на локалната противпожарна служба

Американската пејачка од Барбадос, Ријана (32) беше фотографирана додека излегуваше од ресторанот „Џорџо Балди“ во Санта Моника, беше скоро непрепознатлива.

Имено, пејачката носеше капа од Противпожарната служба во Лос Анџелес со кои ги криеше своите убави очи, додека остатокот од лицето го покри со заштитна маска, со цел да се заштити од вирусот ковид-19.

Иако на почетокот никој не ја препозна, таа сигурно го привлече вниманието на папараците кои тргнаа по нејзините стапки, бидејќи одеше во црвена раскопчана маица и црвено палто, а по тој повод се гледаше нејзиниот стомак и длабокото деколте.

Ријана носеше светлосини фармерки и бели секси салонки, а фоторепортерите ја препознаа по препознатливите тетоважи што ги има меѓу градите и на стапалата.


Пејачката видливо е ослабена, па нејзината фигура сега изгледа фантастично како порано, а се чини дека „изгубила“ најмалку 15 килограми, кои ги доби во последните две години.

Фановите ширум светот се воодушевени од тоа како изгледа пејачката сега и со нетрпение го чекаат нејзиниот нов музички албум.

Да потсетиме, Ријана неодамна организираше модна ревија на Интернет „Savage X Fenty Show“ која се емитуваше на платформата на Амазон „Prime Video“, а благодарение на продажбата на шминка и долна облека под нејзино име, таа во моментов е „тешка“ 600 милиони долари и е на списоци на најбогатите жени во светот.


Фото: Tanjug/AP/ Profimedia

Можеби ќе ве интересира:

Комбинација на денот: Ријана во кожен дукс фустан


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: