Со синовите Божиќ го помина во пустина: Шакира со емотивната порака го разнежни светот (ФОТО)
Пејачката неодамна со синовите се пресели во Мајами, за да ја избегне правната битка поради поради данок се води против неа во Шпанија...
Колумбиската пејачка Шакира, за Нова година, на Инстаграм сподели краток текст на англиски и шпански јазик во којо проговори за скршеното срцеи неверството, но и за патот кон зацелување на раните и љубовта.
„Дури и ако раните ни се уште свежи, времето има хируршки раце. Дури и ако некој нѐ изневерил, мораме да продолжиме да им веруваме на луѓето. Дури и кога не ве почитуваат, не ја заборавајте својата вредност. Бидејќи има многу повеќе добри луѓе отколку лоши. И многу повеќе емпатични, отколку рамнодушни. Малку се оние кои ќе нѐ напуштат, а многу побројни се оние кои ќе бидат на нашата страна. Нашите солзи не се залудни, тие го топат тлото на нашата следна пролет и нѐ прават похумани, така што дури и со скршено срце можеме да продолжиме да сакаме“ - заклучи пејачката, а објавата собра скоро 2 милиони лајкови и илјадници коментари.
Шакира со своите зборови ги разнежни обожавателите, а многумина искоментираа дека нејзините зборови им биле како поддршка.
Изгледа дека Шакира одлучи позитивно да влезе во 2023 година, откако изминатата година имаше бурна разделба со фудбалерот Жерард Пике, кој наводно ја изневерил. Поранешната двојка неодамна го заврши договорот околу поделбата на старателството над синовите - Милан и Саша.
Пике наводно ѝ го дал својот благослов на поранешната партнерка да се пресели со децата во Мајами, за да ја избегне правната битка околу данокот, која се води против неа во Шпанија. За Божиќ, Шакира се огласи од топлите краеви.
„Овој Божиќ во пустина. Во потрага по спокој“ - напиша пејачката покрај фотографијата на која заедно со синовите позира во пустина, а на која сите се облечени во бели комбинации.
фото: Принтскрин / Инстаграм