Со стотиот влог стави крај на јутјуберската кариера: Марија Шерифиќ се поздрави со обожавателите на Јутјуб (ВИДЕО)
Во последното видео направи компилација од најурнебесните моменти од сите претходни видеа...
Познатата српска пејачка и евровизиска победничка Марија Шерифовиќ, со почетокот на короната се реши да вплови во јутјуберските води. Дека тоа одлично ѝ одеше, докажуваат и прегледите на нејзините видеа, како и позитивните коментари од нејзините следбеници.
На нејзиниот Јутјуб канал може да најдете 99 видеа, во кои навистина има урнебесни моменти, особено во оние видеа во кои се појавува и нејзината мајка Верица.
Сега, стотиот влог реши да го посвети на сите претходни, но и воедно да се поздрави со своите обожаватели, кои со нетрпение ги очекуваа нејзините нови видеа.
„Денес дојде денот да се поздравиме, бидејќи, јас решив, оваа моја влогерска, јутјуберска кариера на ова јубилејно видео да се заврши. Знам дека ќе има солзи, знам дека нема да ви биде лесно, знам дека ќе ви недостасувам... Мислам, морам да признаам, оваа не е баш 100 проценти донесена одлука, затоа што сите во моето опкружување ми велат да не се откажувам, а јас навистина го сакам тоа“ - посочи Марија на почетокот на видео.
По нејзиното обраќање, следуваа извадоци од сите претходни видеа, во кои има многу урнебесни, тажни, емотивни моменти.
Дали ќе може наскоро пак да ја гледаме на оваа социјална мрежа, останува да видиме.
фото: Принтскрин / Јутјуб