Со животно осигурување до лојални и посветени менаџери на компанијата

Со животно осигурување до лојални и посветени менаџери на компанијата

Објавена во: После „Школо“ // PR

Осигурувањето на вработените се почесто се користи како метод за наградување, но и го зацврстува взаемниот однос меѓу вработените и компанијата. Една компанија со осигурување на својот клучен кадар ја потврдува нивната стручност и улогата што ја имаат во компанијата, покажува дека го вреднува трудот што го вложуваат, го цени нивниот потенцијал и свесна е за нивната улога и влијанието врз деловните резултати на компанијата. Менаџерското осигурување, исто така, е начин за намалување на одливот на вработените и нивно заминување во конкурентски бизниси.

Така, менаџерското осигурување стана современ начин за наградување на клучните кадри во компанијата и нивно задржување, затоа што во основа загубата на вработените, вклучително и менаџерите може да предизвика финансиски и деловни загуби за компанијата.

Животното осигурување на клучниот кадар е застапено и во Македонија, а една од компаниите која го нуди овој вид осигурување е Кроациа осигурување – живот. Како компанија што веќе има богато искуството во создавање полиси за животно осигурување на менаџерски кадри, велат дека предностите од ова осигурување се големи и за вработените и за компаниите.

„Компаниите во Македонија се повеќе ја препознаваат важноста на човековиот потенцијал, значајноста на вложувањето во своите кадри, нивното привлекување и мотивација. Се повеќе компании склучуваат животно осигурување за своите вработени знаејќи дека тие претставуваат најзначаен ресурс и тоа се враќа со позитивен одговор од вработените”, велат од Кроациа.

Менаџерското животно осигурување од Кроациа претставува алатка за зголемување на лојалноста и задоволството на менаџерите, бенефит во форма на финансиски бонус, ја зголемува посветеноста кон компанијата а истовремено овозможува и врвна осигурителна заштита и покритие. Траењето на осигурителната полиса е прилагодливо на потребите а осигурената сума се креира во зависност од можностите, потребите и дефинираните менаџерски бонуси.

Светските истражувања утврдиле дека менаџерите кои се целосно задоволни од компаниите за кои работат, обезбедуваат постојан раст на бизнисот а задоволството произлегува пред сè од чувството на сигурност што компанијата го обезбедува за својот менаџер.


Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: