„Соба за тага“ крие голема тајна: Хитот на Тоше проески е напишан во затвор
Откриена е приказната која се крие зад текстот на „Соба за тага“...
Најголемата наша музичка ѕвезда Тоше Проески загина во сообраќајна несреќа на 16 октомври 2007 година во Хрватска, на автопатот Загреб-Липовац. Тој зад себе остави голем број на хитови кои го направија славен и популарен, а беше познат и по своите добри и хумани дела, за што беше неизмерно сакан. Неговите песни се‘ уште се слушат и пеат, а еден од неговите најголеми хитови според медиумите од регионот крие голема тага.
Според порталот објектив.рс, текстот за песната „Соба за тага“ наводно го напишал маж во затвор кој ја издржувал казната за убиството на љубовникот на неговата сопруга.
Текстот стигнал до менаџерот на Тоше, кој му предложил на пејачот да ја сними таа песна, а останатото е историја.
Како што објавија медиумите во соседна Србија, авторот на овие стихови наводно не сакал пари за песната, туку сакал само посветеност на оригиналниот албум, кој го добил.
Извор: 24sedam.rs
фото: Принтскрин од Јутјуб