Собираше ѓубре по туристите во Охрид: Младиот јутјубер пример за сите
За време на изминатиот викенд сите бевме сведоци на големиот неред што настана во Охрид. Туристите освен што заборавија да внимаваат на безбедносните мерки со цел да се заштитат од корона вирусот, исто така заборавија и на основната култура, па така отпадоците од храната и пијалоците кои ги конзумираа, наместо во корпите за опадоци ги фрлаа насекаде околу себе.
Сето ова го поттикна младиот јутјубер Ставре да се пушти во акција. Тој се опреми со ракавици и црни вреќи и уште во 6 часот наутро се пушти во работна акција. Имено, тој го исчисти поголемиот дел од шеталиштето покрај езерото, а од оваа своја авантура сними и јутјуб видео, каде на своите следбеници одблизу им ги покажа резултатите од ноќните забави на туристите во Охрид.