Софи Тарнер и Џо Џонас станаа родители: Еве што означува името на ќеркичката
Кога во февруари излегоа новостите за бременоста на Софи, тие сакаа да ја задржат веста што е можно повеќе за себе, но не излезе како што беше планирано, иако даваа се' од себе, папараците често ги “ловеа“.
Конечно, вчера блиски на Џо Џонас ја потврдија среќната вест со официјална изјава за People, во која се вели: „Софи Тарнер и Џо Џонас се радосни што го најавуваат раѓањето на своето прво бебе“. Значи, не - оваа вест не е премногу добра за да биде вистина!
Софи и Џо сега се родители на бебе, девојче по име Вила.
Според Parents името Вила значи „решителен“ или „заштитник“. Но покрај ова значење не се знае дали името за нив има и сентиментално значење.
Честитки до новите родители!
Останува да чекаме кога Џо и Софи ќе ги направат новостите официјални на Инстаграм. И секако фотографии од малата Вила.
(ФОТО) Значењето на новите тетоважи на Софи Тарнер и Џо Џонас ќе ви го скрши срцето
извор:cosmopolitan