Софија како мала: Манекенката покажа како изгледала во детството, едно нешто не е променето (ФОТО)
Денес важи за една од најубавите жени, а тогаш...
Софија Милошевиќ сигурно за себе може да каже дека успеала во животот. Покрај прекрасната манекнска кариера, таа формираше и свој бренд за луксузна облека кој е многу популарен помеѓу познатите, а си го среди и семејниот живот - ужива во љубовта со фудбалерот Лука Јовиќ, со кој има син и го очекува второто дете.
Дека талентот за манекенство го имала уште како дете, покажува и фотографијата која ја објави на стори на својот профил на Инстаграм.
Иако фотографијата е направена во нејзиното рано детство, едно нешто не е променето - нејзините сини очи и продорен поглед. Софија и тогаш била русокоса, а многумина коментираат дека нејзиниот син Алексеј, личи на неа.
Милошевиќ на фотографијата напиша „Малата Софи“, а нема сомнеж дека нејзините следбеници биле воодушевени.
фото: Инстаграм