Солзи радосници го прекриле неговото лице: Реакцијата на момчето по исполнувањето на најголемата желба ќе ги освои вашите срца (ВИДЕО)
Неизмерна среќа...
Нема ништо невообичаено во тоа децата да ги молат родителите да им подарат домашно милениче. Некои сакаат куче, некои мачка, некои папагал, но ретко кое дете знае како точно сака да изгледа и како да се вика неговото куче.
Меѓутоа, тоа не е случај и со едно русокосо момче, кое го освои ТикТок со својата прекрасна реакција, откако родителите му ја исполниле најголемата желба.
Инаку ова момче, веќе две години сака куче. Поточно, сакало „куче колбас“ по име Ангус. И родителите конечно му ја исполниле желбата.
Во станот, пред да му го покажат изненадувањето, поставиле камера, за да ја документираат неговата реакција, а судејќи по прегледите и реакциите, направиле полн погодок и еден преубав спомен од тој ден.
„Конечно го имаме Ангус“ - вели момчето во видеото, кое на почетокот е во неверување, а потоа почнува да скока од среќа, и секако да му приоѓа на кучето. Дури и заплакало.
„Кога немате повеќе деца, но сте благословени со едно кое го заслужува најдобриот пријател“ - пишува во описот на видеото, за кое сме сигурни дека ќе ги освои вашите срца.
@ourlayeredhome When you’re not having more children. But you’re blessed with one that deserves a BFF #minidachshundpuppy #minidachshund #puppylove Sweet Child O' Mine - Acoustic - Jae Hall
фото: Принтскрин / ТикТок