„СОНУВАЈ, ВЕРУВАЈ, ОСТВАРУВАЈ!“: Стефанија Јакимовска, поетеса со бројни меѓународни награди

„СОНУВАЈ, ВЕРУВАЈ, ОСТВАРУВАЈ!“: Стефанија Јакимовска, поетеса со бројни меѓународни награди

Стефанија Јакимовска е четиринаесет годишна млада и успешна поетеса која полека, но сигурно чекори по патот кон успехот. Оваа велешанка за себе вели дека е голем љубител на книги и страстен обожавател на пишаниот збор. Таа секогаш се води по нејзиното мото кое гласи: „СОНУВАЈ, ВЕРУВАЈ, ОСТВАРУВАЈ!“ Пишува поезија од нејзината најрана возраст и е добитник на многу награди.

„Најдраги ми се Првата награда на литераурниот конкурс по повод светскиот ден на поезијата за деца, четирите втори награди на литературните, меѓународни фестивали во Нови Сад - „Михаил Бабинка”, „Јанош Сивери“, „Павле Поповч“, „Живко Стојановски“ како и Третата награда на литературниот, меѓународен фестивал „Магда Симин“ исто така во Нови Сад.“, ни откри таа.

Како што вели инспирацијата ја црпи од животот кој го живее, луѓето во него и секојдневните случки, сите убави и тажни моменти ги споделува на лист хартија. За десет години себеси се гледа како потполно зрела личност и дипломиран правник кој исто така секојдневно ќе се губи низ страниците на некоја добра книга.

„Имам прочитано многу книги, а на сите тинејџери им препорачувам да ги прочитаат: „Светот не е фабрика за исполнување желби“- Џон Грин, „Дванаесетиот ангел“- Ог Мандино, „Сама“ и „Исти очи“- Горјан Петревски. “, вели Стефанија.

За крај таа додава: „За мене секој нов ден е нова шанса да ги оствариме нашите замислени желби и соништа. Покрај сите успеси и падови во животот имаме само една цел, а тоа е да успееме. Никогаш не треба да престанеме да сонуваме, бидејќи соништата не обликуваат како личност. Затоа живејте, сонувајте и остварувајте ги вашите соништа, пронајдете го она делче оптимизам во вас кое секогаш ќе ве бодри за да продолжите понатаму“.

Во продолжение прочитајте и една од нејзините творби:


Хуманоста, слогата и знаењето клуч до успехот

Од човештвото да е хуманоста дел

е долго посакуваната цел.

Хуманоста значи надеж,

насмевка, убав збор и подадена рака

хуманоста раѓа среќа

 убав ден и желба новото утро да се сака.

 Насмевката, разбирањето и љубовта

секогаш раѓаат слога.

Слогата е најубаво нешто 

 кое ќе не искачи

до врвот многу вешто.

Животот во сложни дни

е патот за исполнување на сите сни

Да се биде хуман и човечен сега,

кога секој поглед од бедата бега,

е животна лекција што следи

знаењето те учи што во животот вреди.

Знаењето е непроценливо богатство,

знаењето е неизмерна сила

те гради, облагородува  , насочува

за вистинскиот пат, крила.

Со знаењето невозможното е чудесно блиско,

непознатото ,единствено и твое

одиш кон својата цел

и се гордееш со постигнувањето свое,

а за крај да го дополнам стихот

хуманоста слогата и знаењто  се клуч за успехот

кој треба да се следи-

човечкиот живот најмногу вреди!

Можеби ќе ве интересира: