Совети вредни злато: Никол Кидман за негување издвојува 10 минути дневно, а на ќерките им дава важни совети

Совети вредни злато: Никол Кидман за негување издвојува 10 минути дневно, а на ќерките им дава важни совети

Објавена во: Живот // Живот

Таа е тип кој ја сака брзата нега...

Кога Никол Кидман не е на снимање и кога не го работи она што најмногу го сака, таа својата убавина ја негува брзо, но ефективно. Вели дека на нега посветува само 5 минути наутро и навечер.

Во разговорот за „In Style“, Кидман признава дека многу работи наследила од мајка ѝ:

„Мојата мајка е феминистка и исто така многу женствена. Секогаш добро мириса и изгледа убаво. Ги учам своите ќерки да бидат како јас, велејќи им: „Морате да мирисате добро, да изгледате добро, да се грижите за својата кожа, да ги негувате ноктите и да внимавате на стапалата. Тоа е ваша одговорност.“ Не е работата само во хигиената, се работи и за тоа како ќе го сфатите поимот нега.“

Вели дека е тип кој на брзина се негува и за нега на кожата ѝ се потребни само 5 минути наутро и 5 навечер, бидејќи, како што вели, децата мора да ги легне, а остатокот од денот сака да го помине со сопругот.

Кога започна пандемијата на коронавирус, чувствувала олеснување бидејќи не морала секојдневно да биде средена и за онлајн состаноците се средувала само половично. Но, сега ѝ недостасуваат гламурот и прошетките на црвените килими. Вели дека за појавувањата на црвените килими често се одлучува за црвен кармин.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: