Сподели фотка од синот со која ги изненади сите: Милица Дабовиќ откри дека тој ѝ ги брише солзите (ФОТО)
Милица Дабовиќ ги загрижи сите со фотографијата која ја објави на Инстаграм...
Познатата кошарката Милица Дабовиќ со години имала проблеми со поранешниот партнер, со кој го доби наследникот Стефан. Познато е дека, како што и самата има зборувано, претрпела семејно насилство од поранешниот партнер, со кој повеќе нема контакт.
Сега на Инстаграм сподели фотографија која ги изненади сите, а коментарите само се редеа еден по друг. Имено, Дабовиќ објави фотка од синот Стефан, кој го нарече „ранет ѕвер“, а потоа се осврна на таткото на нејзиниот наследник, на кој му додели многу негативни епитети.
„Мојот ранет ѕвер! Тоа што таткото на моето дете е лажго, манипулатор и крадец може да биде само показател во неговиот живот како не треба и како треба да се однесува со девојките и жените. Како што го прави тоа сега, ги чува, им подава рака, ги чува, споделува со нив и ме бакнува, ме гушка, ми ги брише солзите кога ќе ги види и ми вели дека не треба да тагувам, дека тој ме сака! Тој е мојот живот, целиот мој свет“ - напиша Милица покрај фотографијата од својот син.
фото: Принтскрин / Инстаграм