Спор тежок околу милион евра: Евровизискиот тим на Малта се соочува со огромни критики

Спор тежок околу милион евра: Евровизискиот тим на Малта се соочува со огромни критики

Објавена во: Живот // Живот

Од година во година, Евровизија се повеќе ја пратат скандали, што политички, што сензационални со некоја позадина. Но кога парите се во прашање, никој не останува имун и се крева голема прашина.

Малта изгледа дека многу изгуби со нивната Евровизиска преттавничка Дестини, не само што не беше прва, туку за тој настап се потрошија скоро милион евра.

Дестини беше на врвот на обложувалниците неколку недели пред почетокот на Евровизија и сите ја предвидоа нејзината победа, а на крајот заврши на 7-то место. По финалето стана под знак прашалник како е можно таа да има добиено само 47 гласа од гледачите, а беше фаворит со недели.

Овој исход предизвика сомнежи и кај властите во Малта и било утврдено дека Малта потрошила повеќе од 650. илјади евра за промоција на Дестини и поради тоа Министерството за внатрешни работи побарало ревизија на трошоците бидејќи се сомневале дека голема сума пари била потрошена за обложување пред изборот за Песна на Евровизија.

Според порталот „Times of Malta“, досега е познато дека туристичкиот одбор на Малта има инвестирано 350.000 евра за промоција на Дестини, додека околу 300.000 евра се инвестирани од јавниот сервис.

Наводно дел од парите им ги дале на странски инфлуенсери, кои потоа на своите социјални мрежи ја промовирале евровизиската претставничка и нејзината песна.
Ревизијата иницирана од Министерството за внатрешни работи започнува на 31. мај, а кога ќе бидат познати резултатите, ќе се одлучи кој и како ќе биде одговорен за оваа состојба.

Фото: Times of Malta


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: