Спот од светски размери: Децата од „Дајте музика“ ја претставија „Green Forces“ - песната со која ќе одат на Јунирската Евровизија
Како што веќе потврдивме минатиот месец, по едногодишна пауза, повторно се враќаме на Јуниорската Евровизија. Јавниот радиодифузен сервис МРТ објави дека овогодишни претставници ќе бидат децата од „Дајте музика“.
Изминатиот месец, Кристина, Анастасија, Миха и Филип напорно работеа на песната со која ќе ги бранат боите на нашата држава и на 19-ти декември во Париз ќе се потрудат да освојот што е можно повисоко место.
„Green Forces“ е насловот на евровизиската песна зад која се потпишуваат Роберт Билбилов како автор на музиката и Робин Зимбаков како автор на текстот.
Вчера во емисијата „Плеј Топ 10“ имаа ексклузивна телевизиска премиера на песната, заедно со спотот, кој мора да признаеме дека е од светски размери. Музикални, ведри, млади, Кристина, Анастасија, Миха и Филип преку оваа песна испраќаат моќна порака, за која се надеваме дека на 19 декември цела Европа ќе ја слушне и секако ќе ја награди.
Редакцијата на Хаштаг им посакува многу среќа!
фото: Фејсбук страна на „Дајте музика“