Среде Белград го вкрсти гласот со еден од најпознатите српски пејачи: Антониа Гиговска во дует со Адил (ФОТО)
Младата пејачка Антониа Гиговска полека, но сигурно го освојува Балканот. Со својот глас остава без зборови каде и да се појави, а не ѝ е проблем да се фати за микрофон и кога е на одмор.
Тоа го докажа во јануари, кога заедно со момчето, пејачот Иван Јованов беа на зимување на Копаоник. На едно од најпознатите српски туристички места во зима, Антониа беше на настап на познатиот пејач Ацо Пејовиќ, кој ја повика на сцената за заедно да го отпеат хитот „Поноќ“. По овој настап пофалните зборови на сметка на младата пејачка постојано пристигнуваа, сега неколку месеци подоцна таа го вкрсти гласот со уште еден познат српски пејач.
Имено, Антониа моментално е во Белград, каде заедно со брат ѝ беше на концерт на евровизиска победничка Марија Шерифовиќ, а останатото време го искористија за да се прошетаат низ српската престолнина, но и да го искусат тамошниот ноќен живот. За време на една ноќна забава, на која пееше познатиот пејач Адил Максутовиќ, нашата пејачка повторно се фати за микрофонот.
Таа, заедно со Адил ја отпеа „Кад замиришу јорговани“ од Весна Змијанац и Дино Мерлин. Видеото од овој дует може да го најдете на стори кај Антониа, а во продолжение ви ја пренесуваме атмосферата од неколку фотографии:
фото: Принтскрин / Инстаграм