Среќата има дефиниција и може да се сподели!? ,,Happiness Effect“ урбан македонски филм, приказна за најпосакуваното чувство!
Може ли едно просечно македонско семјство да биде среќно? Како балканскиот менталитет влијае врз нашата среќа? Кој одлучува за животот на еден млад човек? Дали сопствените одлуки значат и среќа за семејството?
Во,,Happiness Effect“ , режисерот Борјан Зафировски не води низ чуството кое ја буди најдлабоката емоција преку последните денови од животот на Леа. Судирот на генерации и патријахалното воспитување, живеење по теркот на еден полициски службеник кој подоцна ќе се одрази врз неговите деца и семејната среќа. Модерна приказна чије дејствие е сместено во Македонија, но сторијата е универзална и е поврзана со личната потрага по среќа и по смисолот на животот.
Младата актерка и режисерка, Дејана Попоска, која ја игра Леа, главниот лик во ,,Happiness Effect“ смета дека со филмот се започнува една нова ера на домашна продукција. Филм која ја буди креативноста на македонските режисери и го следи квалитетот на светската продукција.
Леа во ,,Happiness Effect“ се обидува да докаже дека среќата може да се пренесе од еден на друг човек. Но дали преку експериментите и моќта на позитивното размислување може да се откријат равенките за вистинска среќа?! Уште веднаш може да откриете на македонската стриминг платформа Gley.
Дејана вели дека спротивно од она што го говори Леа во филмот, таа во приватниот живот повеќе се потпира на работи врз кои таа сама може да влијае.Таа од 2015 година живее и работи во Париз и смета дека клучот за успехот на еден млад човек е онаму каде тој успева да не биде мрзелив.
Gley: Зошто македонската публика треба да го погледне ,,Ефектот на среќата“?
- Македонската публика треба да ги гледа сите македонски филмови, малку се на број, но во интервал на една година и мисијата е возможна да се изгледаат сите.
Во насока на тоа како Ефектот на среќата придонесува за тој македонски филмски пејсаж, мислам дека Борјан Зфировски беше првиот да излезе од таканаречената македонска естетика на која се бевме навикнале што и мене не заведе во фаза на сценариото. Јас прв пат го читав сценариото во 2017, тоа се разбира беше пишувано порано. Верувам дека беше предвесник на една пролет и отвори врати за многу други македонски режисери, како естетски така и тематски.
Gley: Која е вашата дефиниција за среќа?
- Стварно не мислам дека постои емпириска формула за среќа, спротивно на она што го говори Леа, ликот кој го играм во филмот Happiness Effect.
Јас лично целам да бидам задоволна, врз тоа можам да влијаам. Има разлика измеѓу благодарноста за она што го имаме што е да се биде задоволен, радоста да видиме некој другар од средно и среќата- што е една чудна работа што ни се случува по нејзини термини.
Gley: Дали македонската продукција ги задоволува апетитите на домашната публика?
- Македонската публика има посебна фиока за македонски филмови, тоа не е истата фиока во којашто ги сместува филмовите од светот. За апетитите на македонската фиока, да, мислам дека напредуваме на еден убав начин.
Вистинското прашање е друго, дали македонската продукција ги задоволува апетитите на македонските актери.
Gley: Дали клучот за успехот на еден млад човек е надвор од Македонија?
- Едно е сигурно, дека младиот човек надвор од Македонија е клучот за неуспехот на Македонија како држава. А клучот за успехот на младиот човек е онаму кадешто успева да не е мрзелив.
Gley: Зошто би го препорачале GLEY ?
-Зошто да не. Поддржувам македонски производи. Треба да најдеме начин парите да ни се враќаат дома. Tоa е место каде може да најдеме македонски филмови кои се заборавени од сите. Се надевам дека Gley станува еден аграгат на филмови и серии , своевидна Кинотека која во оваа дигитална доба нема да дозволи македонската продукција да остане под забот на времето, вели Дејана Попоска за Gley.
Кога сакаш, каде сакаш, секаде во било кое време, без реклами, македонската стриминг платформа GLEY.tv со повеќе од 300 филмови, 60 серии од домашна и странска продукција ги задоволува апетитите и на најпребирливите филмаџии.
Gley.tv е достапна преку посебните апликации на Smart TV, мобилен или таблет, како и на компјутер.