Среќен ден за момчето Марко, кој има бројни тумори и живее во тешки услови: Поставен е темелот за неговата куќа

Среќен ден за момчето Марко, кој има бројни тумори и живее во тешки услови: Поставен е темелот за неговата куќа

Објавена во: Живот // Живот

Марко Смиљковиќ (17) од селото Горна Ржаница кај Александровац, кој има бројни тумори и живее во тешки услови, има причина да се радува. Денес се завршува на полнењето на темелите, по што следува ѕидањето на неговата идна куќа.

Куќата ќе биде со површина од 78 метри квадратни, а Марко не се одвојвува од градилиштето и понатаму не може да верува дека конечно ќе добие своја соба и бања.

Благодарение на хуманите луѓе кои ги погоди тажната животна приказна на ова момче кое се бори против туморите и кое издржало 5 операции, за само еден месец на неговата сметка биле уплатени 3.200 евра.

Куќата која е стара скоро 200 години е склона кон рушење и на Марко ќе му остане како спомен на тешкото детство во кое немал многу причина за среќа. Радоста ќе биде уште поголема доколку резултатите од закажаниот преглед во Белград добит добри.

Потоа, благодарение на српскиот ракометен репрезентативец Драган Шкрбац, ќе следуваат прегледи кои ќе бидат направени во Крагујевац во првата половина на декември, каде познат шпански хирург за операции на 'рбетниот столб, Норберто Вентура ќе го прегледа Марко. Тимот кој правел операции во Србија, а кој го собрал ракометарот, досега успешно оперирал повеќе од сто деца, а трошоците од операциите ги подмирувала државата, пишува „Телеграф“.

Милица, сестрата на Марко не можела да си ги сопре солзите радосници поради фактот дека нејзиниот брак конечно ќе ги оствари соништата за кои сонувал до раѓање.

Животната приказна на Марко може да ја прочитате ТУКА.

Фото: Nezavisne Narodne Novine Rasinskog Okruga

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: