Стана хит на Интернет: Внукот ја трансформираше баба му Милоратка во холивудска дива
Осумдесет и шест годишната баба Милоратка стана хит на Интернет.
Младиот уметник Александар Драмишанин реши малку да ја разубави својата баба. Минатата година, за време на карантинот, уметникот, фризер и шминкер Александар Драмишанин реши да ја трансформира својата баба Милоратка (86), која инаку живее во село во близина на Ивањица.
Бабата, која обично носи марами цело време, внук ѝ ја претвори во неверојатна убавица, дури и без да биде свесна за тоа.
„Таа е обична баба од село, и е скромна жена, но е убава и отсекогаш била моја инспирација. Таа секогаш ја носи косата во марама, па ми дојде идеја да ѝ ја поправам косата.
Пред десетина години еднаш ја нашминкав, но последен пат тоа го направив во карантин затоа што цело време бев во Ивањица, па ја искористив можноста. Тогаш буквално ја натерав затоа што не беше посебно расположена за тоа, а по втор пат го направив тоа со цел да ги врамам нејзините портрети во мојот салон, па затоа направив фотографии специјално за таа цел “, изјави Александар за Ноизз.
Тој откри дека ова е прво нејзино фарбање во нејзините 85 години живот.
А кога ги сподели фотографиите на социјалните мрежи, веднаш почнаа да пристигнуваат комплименти и баба Милоратка стана хит:
„Плачам, ме потсети на баба ми“, „Баба ти е сериозна кралица!“, „Колку убава жена“
Погледнете ја сами неверојатната способност на овој уметник: