Струмичанката Драгана Костова „растури“ во „Ѕвездите на гранд“ и помина директно во следен круг
Драгана Костова, која потекнува од Струмица на синоќешното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ уште еднаш го воодушеви жирито и публиката. Костова, која е во тимот на Марија Шерифовиќ, ја пееше песната „Suze za kraj“ од Даница Крстиќ и песната „Tek e 12 sati“ и уште еднаш покажа и докажа дека нејзиното место е токму таму. Жирито повторно се воодушеви од неа и струмичанката со 6 гласа помина во наредниот круг на „Ѕвездите на Гранд“. Драгана оваа сезона доминира во најпознатото Балканско музичкото натпревување „Ѕвездите на Гранд“.
Фото и Видео: Youtube - Zvezde Granda