Светски рекорди кои може да ги постави и сруши апсолутно секој: Ова е листата од 10-те „наједноставни“
Тие се едноставни и може да ги сруши секој, но тоа не значи дека ќе успееш туку така...
Иако никогаш не можеш да знаеш! Можеби си талент во јадење тестенини и можеш со тој успех да се запишеш во Гинисовата книга на светски рекорди! Сите овие се секојдневни работи кои поголемиот број луѓе редовно ги прават, а никогаш никој не би помислил дека може да го прослават.
За поставување на некои светски рекорди треба да имаш некои посебни способности, талент или да се посветиш на целта со години. Со овие тоа не е тоа. Постојат еден куп рекорди кои се толку едноставно што изгледа дека може секој да ги направи, бидејќи тоа се активности кои на сите ни се добро познати и кои сите ги правиме. Можеби не можеш да трчаш побрзо од Усаин Болт, но кој вели дека не можеш да испиеш чаша вода побрзо од личноста која го поставила тој рекорд? Ова се топ 10 наизглед едноставни рекорди кои во теорија би можел да ги сруши било кој и тоа без никаков посебен тренинг или посебни способности. За кои сѐ светски рекорди станува збор и како може да бидат срушени, погледни во продолжение:
# Пиење вода
Вода пиеме секој ден, но колку е тешко тоа да се изведе брзо? За да испијат 500 милилитри вода, на луѓето во просек им требаат околку 5 секунди, доколку навистина сакаат да брзааа и сакаат да ја испијат што е можно побрзо, а личноста која сега го држи тој рекорд, Тим Кокер, оваа количина вода ја испил за помалку од 2 секунди, поточно 1.75 секунди. Наполни чаша вода и провери колку време ќе ти биде потребно на тебе.
# Најгласниот врисок
Врескањето на многумина им оди добри, но колку силно можеш да вреснеш? Замисли сега пред тебе да се појави Хари Стајлс - колку гласно би викнала? Веројатно и ти и тој и сите околу вас би огловиле. Но, најгласниот врисок го држи професорката Џил Дрејк, која вреснала на фестивалот „Халовин“ во Велика Британија. Вресок бил гласен 129 децибели. За споредба, толку се гласни автомобилите кога се тркаат или чекан кој удара во шајка.
# Најмногу облечени кратки маици за една минута
Ова е игра во која сите некогаш сме учествувале кога сме биле млади - натпреварување во тоа кој ќе облече повеќе маици во еден период. Верувале или не, и ова е рекорд кој е запишан во Гинисовата книга. Во една минуа една личност на себе облекла 35 маици со кратки ракави. За среќа, Гинис дозволува некој да ти помогне во облекувањето. Ова е еден од новите рекорди, поставен во јануари оваа година.
# Најбрзо изедена порција со тестенини
Ова е за сите кои обожаваат тестенини. Мишел Леско, која го поставила овој рекорд, скоро па се удавила во тестенини, но ѝ успеало да изеде една порција за 26.69 секунди. Количината била околу 113 грама.
# Најмногу балончиња од сапуница разнесени одеднаш
Уште една интересна активност која сите сме ја правеле како мали - дување на балони од сапуница. Поставен е рекорд и за ова. Важно е само еднаш да го навлажниш стапчето кое го користиш за дување. Чанг Ју - Те изгледа има добра техника, бидејќи успеал да разнеше 1431 балонче. Не знаеме како е изброено ова, но звучи импресивно кога ќе се сетиме дека на нас ни излегуваат едвај 20.
# Најбрзо куцање на азбуката на телофон со екран на допир
Ова изгледа како рекорд кој го вежбаме секој ден во последните неколку години. Прстите ни летаат по мобилниот како луди, но ни летаат ли волку лудо? Кинезот Ша Јен за 3.91 секунди ја искуцал на мобилниот англиската азбука.
# Најмногу изедени хамбургери за 3 минути
Освен брзото јадење на тестенини, постои и рекорд во бројот на изедени хамбургери за 3 минути. Се јаделе хамбургери со средна големина, а за толку малку време, Такер Кобајаши изел 12 бургери. Можел да одбере еден додаток по сопствен избор, а неговиот бил мајонез.
# Најмногу самолепливи хартии залепени на лице во 30 секунди
Една активност која звучи како нешто што ќе го правиме кога треба да учиме - ставање на самолепливи хартии на лице. Италијанецот Силвиу Саби успеал за 30 секунди да залепи дури 38 хартии.
# Најбрзо местење на кревет
Голем број од нас ова не го прават редовно, па веројатно мислите дека нема шанси, но можеби токму вие го имате овој скрие талент. Засекога овој рекорд го држи Чоу Ка Фаи, кој работи во хотелот „Cordis“, па местењето кревети му е всушност работа. Очигледно е дека го извежбал тоа толку добро, бидејќи една голема спална ја мести за 1 минута и 9 секунди.
# Најмногу ролни тоалетни хартии на глава
Доколку дома сѐ уште имаш многу ролни тоалетна харија од минатата година кога овој производ се купуваше во абнормално големи количини, можеш да испробаш колку добро ти оди балансирањето на ролните на глава. Звучи како уште една активност која е апсолутно безмислена, но и која не бара некој талент. Џејмс Ровлинг успеал да стави дури 56 ролни тоалетна харија на главата.