Таа ја глуми младата Јованка Броз во серијата: Успешна актерка со два факултети и МИС титула (ФОТО)
Актерката Милица Томашевиќ (29) во серијата „Јованка Броз и тајната служба“ ја игра сопругата на Јосип Броз Тито до педесетгодишна возраст, додека ликот на Јованка после тој период го оживеа Снежана Савиќ.
Јованка Броз беше сопруга на претседателот на Југославија во екот на неговата моќ, и таа несомнено имаше глас при донесување разни одлуки.
Постојат теории за тоа кој ја донел во Белата куќа и зошто, кога работела и кој работел за неа... Речиси се било доведено во прашање, освен нејзината способност да ги држи работите под контрола колку што е можно повеќе. Таа беше сенка на Тито и се грижеше за се ..Какво беше нејзиното влијание, тоа е централната тема на серијата, а актерката Милица Томашевиќ, ја доби оваа улога.
Инаку Милица има завршено два факултети, Економски и за глума, a на 19-годишна возраст беше Мис на Косово и Метохија.
Публиката моментално ја гледа Милица Томашевиќ во втората сезона од серијата „Игра на судбината“, каде ја игра Нада.