Таа ќе биде кралица на Белгија: Се појавија нови фотографии од преубавата 21-годишна принцеза Елизабета
Елизабета (21) ќе биде идната кралица на Белгија. По повод нејзиниот 21 роденден, од палатата на Инстаграм ја објавија нејзината најнова портрет фотографија. Младата аристократка на неа изгледа прекрасно и елегантно!
Елизабета од Белгија е најстарото дете на кралот Филип (62) и кралицата Матилда (42). Откако нејзиниот дедо Алберт Втори (88) абдицираше во 2013 година во корист на неговиот син, таа стана наследник на белгискиот трон. Алберт, оваа одлука ја донел поради неговата возраст и здравје. Потоа објасни дека не му дозволувале „да си ги извршува своите должности како што сака“.
На 25 октомври, белгиската принцеза наполни 21 година. По тој повод од палата ги објавија нејзините најнови фотографии. Автор на сите нив е фотографот Бас Богаертс - портретист на кралското семејство.
На првата фотографија идната кралица седи покрај отворен прозорец. Аристократката изгледа скормно, исто како и многу млади жени на нејзина возраст. На себе има лесни панталони и блуза со ракави до под лактите и деколте кое ѝ ги открива рамениците. Комбинацијата ја заокружи со големи златни обетки, пуштена коса и силно подвлечени очи.
Која е Елизабета, идната кралица на Белгија? Нејзин идол е Елизабета Втора од Велика Британија.
Принцезата Елизабета е родена на 25 октомври 2001 година, како ќерка на кралот Филип и кралицата Матилда. Има тројца браќа и сестри - Габриел (2003), Емануел (2005) и Елеонора (2008).
Принцезата студира историја и политички науки на Универзитетот во Оксфорд. На универзитетот влегла кога го завршила едногодишниот курс за општествени и воени науки на Кралската воена академија и ја добила меѓународната диплома по завршувањето на средното училиште.
Принцезата повеќе пати го претставувала белгиското семејство. На пример, во септември оваа година, кога почина Елизабета Втора, во Брисел се потпиша во книгата на жалоста во име своите родители. Дури и британскиот монарх го нарече свој пример.
фото: Принтскрин / Инстаграм