Така нè воспитуваше дедо: Без читање на дебели книги, без зголемување на тонот, без прекори...

Така нè воспитуваше дедо: Без читање на дебели книги, без зголемување на тонот, без прекори...

Објавена во: Совети // Семејство

За воспитувањето на децата се напишани многу дебели книги, но најкорисни се оние содржини за воспитување од личните искуства и искуства кои ги слушаме од повозрасните.

Следната приказна е токму за тоа, а начинот на воспитување на нашите баби и дедовци сигурно ќе ве натера за во иднина да размислите за воспитувањето на своите деца. Прочитајте ги воспитните методи на нашите родители, баби и дедовци.

Се сеќавам дека баба ми еднаш ме остави со мојот брат во куќата со мојот дедо. Баба замина неколку дена и не чуваше дедо. Времето беше за спиење, а дедо ме предупреди дека треба да легнеме да спиеме. Дедо рече:

„Легнувајте, утре ќе ве разбудам прилично рано. И да се знае, појадокот е во 9 часот!“

Секако, не обрнавме внимание на него. Константно скокавме по креветите, трчавме низ цела куќа, викавме и лудувавме. Заспавме по полноќ.

Следното утро дедо во 8:30 дојде да не разбуди.

„Станувајте деца, појадокот е во девет.“

„Да, дедо, знаеме...но...“

И, секако, продолживме да спиеме. Станавме околу 11:00 часот и нашата прва акција беше да најдеме нешто за појадок. Не најдовме ништо. Сите производи беа заклучени во стариот кујнски плакар, а клучот беше во џебот на мојот дедо. Пробавме да му кажеме дека нас баба не хранеше 5 пати на ден, но тој не обрнуваше внимание на нас.

„Дедо, ние сме гладни, што ќе јадеме?“

„Појадокот е во 9 часот.“

Го кажа ова и отиде да ги заврши своите секојдневни обврски. Бевме лути, но помисливме дека ручекот ќе биде за брзо. Шетавме и одлучиве да се прошетаме и до реката.

„Дедо, ќе играме покрај реката.“

„Во ред, одете, ручекот е во 12 часот.“

Како зборови изгледаше одлично, но секако дека си игравме и доцневме половина час на ручек.

„Дедо... ќе јадеме ли?“

„Вечерата е во седум.“

Веќе бевме навистина гладни, а по бањањето во реката нашиот апетит се зголеми. Размислувавме што би можеле да јадеме и како изненадување забележавме дека вратата од подрумот е отворена. Брзо влеговме внатре и за среќа најдовме две тегли домашен мармалад. Па, нема да зборувам како изгледаше кога две 8 - годишни деца со прсти јадат мармалад од тегла.

Во седум се сместивме на маса, а дедо не послужи со чинија грав. Бевме разочарани... Мојот брат рече: „Не јадам грав!“ Лесно ја турна чинијата на страна.

Дедо смирено ја зема чинијата, велејќи:

„Појадокот е во девет.“

Тогаш мојот брат низ солзи рече:

„Дедо, дедо, остави ја чинијата, ќе јадам.“

Следното утро, во 9 часот, мојот брат и јас седевме во кујната од двете страни на масата и чекавме појадок.

Така не воспитуваше дедо. Без читање на дебели книги, без зголемување на тонот на гласот, без прекори и совети, без кревање на рака за да не удри или повлече за уво.

Тоа беше неговиот начин на воспитување и учење на ред и дисциплина. оваа лекција ни остана непроценлива вредност за во иднина.

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: