Тамара и Мачка повторно заедно: Ги обедини малиот Дарен (ФОТО)
Поради своите деца, останаа во добри односи...
Иако неодамна како бомба одекна веста дека се разведуваат, пејачката Тамара Тодевска и поранешниот кошаркар Александар Димитриевски - Мачка се најдоа во заедничко друштво. Поводот за оваа средба, беше и повеќе од доволен, а тоа беше роденденот на нивното второ дете - синот Дарен.
Имено, Дарен вчера наполни 4 години, а по тој повод, мама Тамара и тато Мачка му организираа роденденска забава. Декорацијата на роденденот на малиот Дарен беше во жолто - црна боја, а сето тоа поради неговиот омилен Бетмен минион.
За забавата да биде уште поинтересна, тие организираа и маскоти од филмовите на Марвел, а дека нивниот наследник е задоволен од организираната забава, говори и насмевката на неговото лице.
Инаку, во текот на вчерашниот ден, Дарен доби посебна честитка од неговата тетка - пејачката Тијана Дапчевиќ, а мора да признаеме дека емотивна беше и мама Тамара, која направи видео колаж со неколку фотки од Дарен.
„Среќен роденден сине. Да си така насмеан и среќен цел живот... Те сака мама“ - напиша покрај видеото пејачката.
фото: Принтскрин / Инстаграм