Тамара Тодевска се предомисли: „Запознајте ги моите нови пратечки вокали“!

Тамара Тодевска се предомисли: „Запознајте ги моите нови пратечки вокали“!

Објавена во: Stars // Музика

Во полн ек се подготовките за претстојната Евровизија. Нашата претставничка Тамара Тодевска неуморно се подготвува за да може во најдобро светло да ја престави нашата држава со нејзината песна, насловена „Proud“.

Таа објави дури и дел од екипата која ќе ја придружува на евровизиската сцена, но по вчерашната средба со фановите како да го промени своето мислење. Имено, таа објави видео од нејзини обожавателки кои ја во еден глас ја пеат еврозиската песна и на истото напиша „Запознајте ги моите нови пратечки вокали. Девојки ве сакам“.

Но, ние добро знаеме дека ова беше само една мотивација за овие млади девојки и дека веќе најавената екипа нема да се менува.

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: