Татко починал откако ја спасил ќерката (2) од удар на автомобил: „Направил сѐ за неа“

Татко починал откако ја спасил ќерката (2) од удар на автомобил: „Направил сѐ за неа“

Објавена во: Crush Of The Week, Семејство

Татко од Денвер починал откако ја спасил својата ќерка од удар од автомобил. Тој многу ја сакал, а овој чин е доказ за таа пожртвувана љубов.

„На 7 декември Алонсо Гарсија (36) и неговата двегодишна ќерка беа излезени на прошетка“, изјавил нивен роднина.

„Алонсо ја однесол ќерка си да јаде нешто. Тие одеа преку пешачкиот премин кога автомобил удри во нив“, рече Карла Аланис, сестрата на Гарсија.

Според Аланис, Гарсија го видел возилото што доаѓало и ја турнал количката на својата ќерка од патот. Откако и тој бил удрен од автомобил, таа рекла дека бил пренесен во болница со повеќе повреди, вклучувајќи скршени ребра и скршени колена.

„Тој многу ја сакаше“, рече Аланис. „Тој направи се за неа.

Во е-пошта до People во вторникот, полицијата во Денвер соопшти дека возачот на возилото бил обвинет за несовесно возење што предизвикал повреда и немал доказ за осигурување.

Полицијата исто така соопшти дека Гарсија бил пуштен од болница, но починал во својот дом.

„По повредите, му беше кажано да чека операција дома“, изјави Аланис за весникот. „Операцијата беше закажана два дена потоа, но тој не преживеа.

Во порака на страницата GoFundMe, Аланис напиша дека Гарсија „престанал да дише“ додека бил дома.

„Семејството почнало со реанимација и повикало брза помош за да ја процени сериозноста на ситуацијата. На местото на настанот пристигнале болничари, 45 минути вршеле спасувачки мерки“, напишала неговата сестра.

Од вторник наутро, беа собрани повеќе од 7.500 долари за покривање на трошоците за погреб.

Сите сме уништени од загубата на Алонсо“, напишала Аланис. „Сакаме да му го подариме на Алонсо споменикот што го заслужува, да му оддадеме почест и да му кажеме последно збогум.


Foto: GoFundMe

Објавена во: Crush Of The Week, Семејство

Можеби ќе ве интересира: