Таткото на Бритни Спирс е тешко болен: Сите стравуваат за неговиот живот, а пејачката размислува дали да му прости

Таткото на Бритни Спирс е тешко болен: Сите стравуваат за неговиот живот, а пејачката размислува дали да му прости

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Таткото на Бритни Спирс, Џејми Спирс, моментално е во болница поради сериозен здравствен проблем - тој веќе некое време се бори со тешка инфекција, објави „Пејџ Сикс“.

- Се работи за навистина силна инфекција, толку сериозна што мораше да се оперира - рекол неименуваниот извор - Тој со недели е во болница, во специјалното одделение за заразни болести.

Друг неименуван извор ја потврдил лошата здравствена состојба на 71-годишниот Џејми, но никој не открил конкретна дијагноза.

Медиумите неодамна напиша дека Џејми Спирс, кој имал проблеми со алкохолот, летово го поминал на рехабилитација, но „Пејџ Сикс“ тврди дека тоа не е вистина. Тој всушност бил хоспитализиран пред неколку месеци, но не поради алкохолизам, туку поради компликации од операцијата за замена на коленото што ја имаше пред 16 години. Тоа е само дел од неговите здравствени проблеми - во 2018 година заврши во болница поради пукнување на дебелото црево, а сега ни бубрезите не му работат како што треба.

- Навистина е тешко болен, болеста остави доста последици – изјавил близок пријател на семејството.

Откако го загуби старателството над својата ќерка по цели 13 години, Џејми целосно се повлече од очите на јавноста. Во екот на правната битка, на почетокот на септември 2021 година, Бритни го обвини дека ја злоставувал во текот на тие години, додека тој имал контрола врз нејзините лични, медицински и финансиски одлуки. Тој ги отфрли обвинувањата, тврдејќи дека одлуката за старателство во 2008 година „го спасила менталното здравје на неговата ќерка“. Само два месеци подоцна, судот во Лос Анџелес го прекина старателството.

Оттогаш таткото и ќерката не комуницираат, а Бритни во една од своите објави на Инстаграм, во октомври минатата година, изјави дека што се однесува до неа, Џејми „може да гори во пеколот“. Меѓутоа, откако се појавија вести за неговото екстремно лоша здравствена состојба, се појавија гласини дека Бритни, по разводот со Сем Асгари, имала намера да постигне некаков вид на примирје со својот болен татко.

Фото:youtube/screenshot

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: