Таткото на Меган нападна: „Лицемери, се преправаат дека им помагаат на луѓето“
Таткото на војвотката од Сасекс Томас Маркл повторно ги нападна Меган и принцот Хари. Како што пишува DailyMail, Томас тврди дека кралскиот пар потполно го игнорира и се однесува како тој да не постои. Се уште не го запознал внукот Арчи кој се роди на почетокот на мај.
Како што вели, не ни добил фотографија од вкунот, туку ја видел на интернет. Томас, веќе познат по тоа дека јавно реагира кога нешто не му одговоара, „удри“ по Меган. Рече дека таа лаже во врска со своето школување и нејзините патувања во Англија, Шпанија и Аргентина.
„Во својот прв кралски говор рече дека сама си го плаќала школувањето. Тоа не е вистина. Јас се плаќав, имам и изводи од банка кои го докажуваат тоа. Не се огласив порано по ова прашање, бидејќи Меган беше бремена“ - раскажа Томас.
Маркл, како што вели, навистина сака да го запознае внукот и да види дали има нос како неговото семејство. Смета дека ќерката и зетот го злоупотребуваат, бидејќи потполно го исфрлиле од своите животи. За Хари дури паднаа и „тешки“ зборови. Го нарече лицемерен.
„Гледам дека Хари сака да изнајмува приватни авиони. Можеше така да дојде и во Мексико и да ја побара раката на мојата ќерка од мене. Лицемерни се. Се прават дека им помагаат на луѓето, а сопственото семејство го исфрлаат од животот“ - заклучи Томас.