Тажната судбина на најпознатата инфлуенсерка на Балканот: До 25 години ги загуби и двајцата родители
Бев во многу мрачен
период од мојот живот кога татко ми почина. Немав многу волја да станам од
кревет и ми требаше одредена мотивација. Тогаш започнав блог и тоа ми го отвори
патот во кариерата, рече таа
Зорана Јовановиќ, попозната како Zorannah (30) е најпознат балкански инфлуенсер. Со над 870 илјади следбеници на Инстаграм и 275 илјади претплатници на Јутјуб, таа си обезбеди не само регионална, туку и меѓународна бјути кариера.
Своите почетоци ги направи со отворање блог за убавина пред да биде популарна на Балканот, додека сега зад себе има објавена книга која се распродаде со молскавична брзина.
Зорана често може да се види на социјалните мрежи како ужива во луксузни патувања и луксуз, па затоа може да се каже дека живее во животот од своите соништа. Но, зад нејзината насмевка се крие тешка животна приказна.
Кога имала само 20 години, го изгубила татка си, а пет години подоцна и нејзината мајка. Пред да почине нејзиниот татко, нејзините родители се развеле, а Зорана не сакала да разговара со него две години.
Само што таа воспоставила врска со него, тој починал од крварење во мозокот.
- Бев во многу мрачен период од мојот живот кога татко ми почина. Немав многу волја да станам од кревет и ми требаше одредена мотивација. Во тоа време започнав да студирам на академијата Дел Лусо и сакав да имам некакво сопствено CV и облека. Така е создаден блогот, како бегство од реалноста - рече Зорана.
Никогаш не и паднало на памет дека ова еден ден ќе биде нејзината кариера.
Иако во еден момент се чинело дека сè се подобрува, наскоро по растот на нејзината кариера, нејзината мајка почина.
- Таа беше мојата најголема поддршка. Едвај го преживеав тоа, рече таа.
Сепак, инфлуенсерката најде голема сила во себе и не се предаде.
- Не се предадов. Чекор по чекор ја надминав својата тага и си дозволив да живеам. Не е лесно, тие се во мојот ум секој ден, но на тој начин знам дека тие се секогаш со мене - заклучи таа.
Фото: Инстгарам/zorannah
Видео: Youtube