„Телефон ѕвони... Никој не крева“: Новата песна „Мами“ на Панчо од ДНК вистински предизвик за тиктокерите

„Телефон ѕвони... Никој не крева“: Новата песна „Мами“ на Панчо од ДНК вистински предизвик за тиктокерите

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Новата песна на Панчо од ДНК е вистински предизвик за тиктокерите, многу познати и непознати личности играат и пеат на рефренот од „Мами“, кој стана вистински хит на социјалните мрежи.

Станува збор за нешто поразлично, нешто што е многу популарно во светот и се нарекува афро звук. Како и останатите песни на ДНК, и оваа е дело на Панчо во соработка со продуцентот Лазар Цветкоски.

Спотот за новата песна е снимен во Наполи Италија токму во времето кога клубот на нашиот фудбалер Елиф Елмас ја славеше освоената шампионска титула во Калчо лигата.

-Морам тука да му се заблагодарам многу на Елиф за тоа што не пречека, ни обезбеди и влезници за натпреварот и не покани на забавата каде заедно со фудбалерите на клубот ја славеа шампионската титула, накусо изјави Панчо без да открива многу детали .





Фото: Screenshot/privatnaarhiva

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: