Темната страна на познатиот фудбалер: Легендарниот Пеле никогаш не сакал да ја признае својата ќерка, а на денот на нејзниот погреб се покајал
Едсон Арантес до Насименто Пеле, легендарниот фудбалер, почина во болница во Бразил на 82-годишна возраст
Фудбалот остана без еден од најдобрите. Легендата на овој спорт ја загуби битката по долго и тешко боледување. Пеле почина во болница во Бразил на 82-годишна возраст.
Освен завидната кариера која е симбол на вистинскиот фудбал и тоа што беше пример за секој млад фудбалер, Пеле имаше и друга страна од својата личност, онаа која беше малку помрачна и за која не се зборуваше многу.
Контроверзите беа она што го одбележа приватниот живот на познатиот фудбалер, а на тоа многумина се потсетија откако добија информации за неговата состојба од неговата ќерка. Имено, тогаш некои потсетија дека неговата ќерка е мртва и со тоа јасно мислеа на една негова приказна од минатото.
Станува збор за Сандра Регина Арантес до Насименто, ќерката која тој никогаш не ја признал, која поднела тужба за признавање на татковство кога имала 27 години во 1991 година.
— Dečak iz kraja (@Virim_iz_coska) December 28, 2022
Младата жена тврдела дека светската фудбалска ѕвезда имал афера со нејзината мајка, собарката Анисија Мачадо. Правната битка траела пет години, а во 1996 година беше заклучено дека Сандра навистина е ќерка на поранешен играч на Сантос. Пеле и по судската одлука не ја прифатил својата ќерка и никогаш не сакал да се зближи со неа.
- За мене биолошки би можела да ми биде дури и ќерка. Но, во сентименталниот дел не можам да се грижам за таа личност, бидејќи не ја познавам – изјави тогаш Пеле.
За жал, Сандра почина во 2006 година кога имаше само 42 години, од рак на дојка. На денот на нејзиниот погреб, фудбалерот испрати два венци цвеќе. Години подоцна, Пеле се разболе од рак на дебелото црево и го напушти овој свет на 29 декември 2022 година.
Извор: glossy.espreso.co.rs